Хендерсон им се приклучи на Џерард и Велковски во Ал Ерифак


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џордан Хендерсон се пресели во Ал Етифак од Саудиска Арабија, каде што игра македонскиот играч Дарко Велковски, а тренер му е Стивен Џерард.

Хендерсон потпиша договор на три години, а ќе заработува по 350.000 евра неделно, додека Ливерпул за трансферот ќе добие 13 милиони евра.

Англискиот фудбалер имаше одлична кариера во дресот со премиерлигашот со кој освои седум титули, а притоа настапи на 330 меча и постигна 29 гола.