Хрват „без влакна“ зборуваше за дисквалификацијата на Ѓоковиќ од Ју-Ес опен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот експерт Никола Пилиќ зборуваше за медиумите дека првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ добил престрога казна со дисквалификацијата од Ју-Ес опен, откако ненамерно ја погоди судијката со топче.

Пилиќ вели дека Ѓоковиќ е фантастичен спортист и одличен човек, како и дека донира многу средства во хуманитарни цели, а што се однесува до дисквалификацијата, тој беше јасен во неговата изјава.

„Требаше да биде само парично казнет, а не да биде дисквалификуван. Да го направеше истото Федерер, убеден сум дека не би бил дисквалификуван, но фактот е тоа што некои западни земји не го сакаат Новак“, вели легендарниот хрватски тренер.