Хрватска го освои трето место на СП и заработи 51 милион евра (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватската фудбалска репрезентација славеше во малото финале со 2-1 против Мароко и го освои третото место на Мундијалот во Катар, а тоа им донесе и голема заработка.

„Коцкестите“ заработија 26 милиони евра со освојување на третата позиција, а ФИФА ќе им ги уплати и останатите пари, и тоа 8,7 милиони евра за пласманот на Светското првенство (СП), како и 16,5 милиони евра за место во четвртфиналето.

Головите за Хрватска ги постигнаа Гвардиол и Оршиќ, додека за Мароко погоди Дари.