И бивш играч на Барселона влезе во Конгресот во Вашингтон! 📷


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неверојатни сцени се случија вчера во САД, кога во зградата на Капито влегоа голем број поддржувачи на Доналд Трамп за да го спречат поставувањето на Џо Бајден за нов претседател.

Меѓу лицата кои протестираа е и поранешниот играч на Барселона, Дејвид Вуд, кој играше во кошаркарската екипа на Каталонците.

Вуд играше за Барселона во сезоната 1989/90, кога ја освои АЦБ-лигата и беше вицепрвак на Европа.

Откако ја заврши кариерата стана познат по неговите конзервативни ставови кои ги покажа и синоќа на протестите.

По неколку часа драма, ситуацијата се смири, а американскиот Конгрес утрово го прогласи Бајден за победник на изборите.