Игуаин се врати, но минува низ пекол: Мојата мајка е тешко болна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин синоќа се врати на терен и успеа да го круниса тоа на најдобар можен начин.

Игуаин не играше за „Старата дама“ повеќе од три месеци, но конечно се врати против Лече и постигна гол.

Аргентинецот, сепак, има други проблеми кои немаат врска со повредата. Тој неодамна потврди дека неговата мајка има рак и дека поради тоа е надвор од себе претходните месеци.

Ја искористи паузата за да може повеќе време да помине со неа и поради тоа доцнеше во Торино на подготовки. Јасно е дека тоа му паѓа тешко и токму поради тоа Маурицио Сари реши да го одмори на неколку натпревари.

„Зад мене е тежок период, но јас сум тука со екипата затоа што сите треба да дадеме максимум во финишот на сезоната. Ми беше навистина тешко поради пандемијата, но најмногу поради мајка ми, која е болна“, кажа Игуаин.