Икарди ја покажа и својата големина, па ги изненади фановите: Ова беше одличен начин за „закопување на секирите“ со Перишиќ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер синоќа на гости славеа против Фросиноне со 3:1 во мечот од 32. коло во италијанската Серија А.

Интер продолжи со одличните игри во битката за место кое води во ЛШ, па синоќа беа сигурни на гостувањето кај Фросиноне. Погодоците за гостите ги постигнаа Наинголан, Перишиќ и Вечино.

Деталот кој ги воодушеви многумина се случи пред крајот на првиот дел кога Интер поведе со 2:0 откако хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ беше сигурен од белата точка.

Во Интер пеналите обично ги изведува Икарди, но Аргентинецот сите ги изненади кога топката му да даде на Перишиќ. Очигледно е дека ги закопале секирите по несогласувањата во последно време, а Икарди покажа навистина една своја големина со овој потег.