„Имобиле ми е како син, но би го продал за 50 милиони евра“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио го продаде Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Ал-Хилал, а сега се шпекулира дека од екипата ќе си замине и Чиро Имобиле.

Италијанските медиуми пишуваат дека Имобиле прифатил понуда од 15 милиони евра од екипа од Саудиска Арабија, па сега следат преговори меѓу тимовите.

Претседателот на клубот, Клаудио Лотито кажа дека Имобиле го гледа како син, но би го продал за 50 милиони евра.

„Сè уште не сме добиле понуда. Тој ми е како син, но би го продал за 50 милиони евра“, вели Лотито.