„Индепендент“ пренесува: Само поради еден клуб Стерлинг би си заминал од Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Офанзивецот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг е подготвен да си замине од клубот само доколку до него пристигне понуда од Реал Мадрид.

Англискиот репрезентативец на овој потег би можел да се одлучи доколку Спортскиот арбитражен суд ја потврди двегодишната суспензија за Манчестер Сити од европските натпреварувања.

Стерлинг оваа сезона игра феноменално и веќе стигна до бројката од 37 погодоци  и девет асистенции во вкупно 39 одиграни натпревари.

Неговиотдоговор со Сити истекува во 2023 година,а денес се појавија шпекулации дека би можел да направи и шокантен трансфер во Манчестер Јунајтед, меѓутоа тоа веднаш беше исклучено.