Индијана и Њу Орлеанс се први полуфиналисти во НБА купот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Индијана обезбедија полуфинале на НБА купот каде што ќе играат против победникот од дуелот меѓу Њујорк и Милвоки додека на Западот, Њу Орлеанс го чека подобриот од мечот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Феникс.

Индијана стигна до триумф со одлична игра во второто полувреме, кога најпрво стигнаа до 56-48, а потоа во финишот со одлична серија го потврдија триумфот. Главен на теренот беше Тајрес Халибартон со 26 поени, 13 асистенции и 10 скокови.

Во дуелот меѓу Њу Орлеанс и Сакраменто, Брендон Ингран беше најефикасен кај победниците со 30 поени и осум скокови, додека Домантас Сабонис имаше трипл-дабл со 26 поени, 13 скокови и 10 асистенции.