Интер доведе уште едно големо засилување од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер досега добро се засили, а можеби и најголемото засилување досега е доаѓањето на Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед.

Управата на Интер се погрижи да не биде единствен играч кој од Манчестер Јунајтед ќе премине во овој италијански клуб.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, Интер го договорил доаѓањето на Дармијан од Манчестер, а тој ќе дојде наредното лето како слободен играч.

Неговиот договор истекува наредната година.

Скоро цело лето Дармијан се поврзуваше со враќање во Италија, но веројатно ќе мора да поќека уште една сезона.

Најмногу беше поврзуван со заминување во Јувентус, но работите се променија и повторно би требало да работи со Конте.