Интер го сака Германецот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само што заврши летниот преоден рок, но Марота и неговите соработници веќе ги планираат наредните засилувања за јануарскиот преоден рок.

Може да се каже дека клубот од Милано направи одлична работа во текот на летото. Стигнаа Санчез и Лукаку, а претходно Годин и Сенси.

Наредната мета е добро позната – Марио Геце.

Јунакот на Германија во влегува во последната година од договорот. Марота го сакаше играчот на Борусија Дортмунд во текот на летото, но сепак се одлучија за Санчез.

Милионерите се засилија со доаѓањата на Брандт и Азар, така да минутажата за поранешниот играч на Баерн Минхен е неизвесна.

Останува да се види дали Марота ќе тргне по Геце во текот на зимата или ќе почека играчот да биде слободен од наредното лето.