Интер има конкретна понуда за Реал Мадрид: Го праќаме Икарди, во спротивна насока го чекаме…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијански Интер му понуди на Реал Мадрид да го пушти најдобриот фудбалер, Мауро Икарди, но во спротивна насока да го добие напаѓачот Карим Бензема. Интер е подготвен за договор со Реал во трансферот на Аргентинецот, кој до скоро беше надвор од тимот бидејќи не го продолжи договорот, но дека целата работа го вклучува и Бензема.

Челниците на „Нероаѕурите“ немаат намера повеќе да соработуваат со сопругата на Икарди, воедно и негов агент, Ванда Нара, до толку што би прифатиле и замена без оглед што доскорешниот капитен на Интер има поголема пазарна вредност, пишува шпански Дон Балон.

Последниот збор ќе го даде тренерот на Реал, Зинедин Зидан, кој се чини, тешко ќе прифати таков договор.

Реал веќе подолго време ја следи ситуацијата со Икарди и несогласувањата со челниците на клубот околу драстичното зголемување на платата.