Интер остана без тренер за градското дерби против Милан!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Интер, Симоне Инзаги доби позитивен тест на ковид-19, а информацијата ја потврди актуелниот шампион на Италија, кој ќе мора да биде без стратегот на следните предизвици.

Инзаги има полесни симптоми и мора да оди во самоизолација, а доколку рехабилитацијата оди во најдобар ред би можел да се врати за дербито против Милан, иако мала е веројатноста за такво нешто.

Ситуацијата со ковид-19 повторно се влошува во Италија, па Владата донесе нови мерки и на стадионите е дозволен влез на 5.000 навивачи.