Интер посакува двајца фудбалери на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Интер полека се подготвуваат за следната сезона, па веќе од сега ја кројат листата на потенцијални засилувања на клубот.

„Калчомеркато“ пишува дека „Нероазурите“ се заинтересирани во своите редови да ги донесат Иван Ракитиќ и Артуро Видал од таборот на Барселона.

Наводно,каталонскиот клуб бил подготвен да ги слуша понудите за овие двајца фудбалери кои нема да бидат евтини, но доколку во Барселона пристигне примамлива понуда, таа ќе биде разгледана.

Интер минатото лето за малку не го ангажираше Лука Модриќ од Реал Мадрид, а ова веројатно ќе тргне по друг хрватски играч од средниот ред.