Интер потврди: Хандановиќ скршил прст и ќе мора да паузира!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Интер, Самир Хандановиќ скршил прст поради што ќе мора да паузира одредено време, а тоа го потврди и клубот од Милано.

Словенечкиот голман се повреди во недела, по што тренерот Антонио Конте нема да може да смета на него.

„Хандановиќ помина прегледи по повредата на левата рака на тренинг. Резултатите покажаа дека скршил прст. Неговата состојба постојано ја следиме“, соопштија од Интер.

Не се открива кога ќе се врати на голот, но најверојатно ќе паузира неколку недели. Интересно е тоа што Хандановиќ пред дуелот со Удинезе бранеше на 97 меча по ред за „нераѕурите“.