Интер потврди: Роберто Манчини доби отказ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберто Манчини повеќе не е тренер на Интер.

Раководството на Нероаѕурите не беше задоволно од начинот на кој играчите ги одработија подготовките и му врачи отказ на тренерот Манчини.

Синоќа челниците на клубот извршија разговор со 51-годишниот стручнак.

Договорен е раскин на договорот, што клубот денеска и потврди.

Манчини така после две години ќе го напушти клубот од Џузепе Меаца, а нов тренер на италијанскиот гигант треба да  биде Франк Де Бур.

Ова на Манчини беше втор мандат на клупата на Интер, а ја водеше и екипата на Манчестер Сити.