Интер тргнува по старата љубов - Лазар Марковиќ

Италијанските медиуми соопштија дека Србинот би можел да се адаптира во формацијата 4-2-3-1.

Нов преоден рок, стара мета. Интер ја следи ситуацијата околу Лазар Марковиќ, пренесува Калчомеркато. Основната идеја е да доведат крилен напаѓач.

Интер го следеше Лазар кога играше во Партизан, а сега би можеле да го доведат за малку пари, а може и да стигне на позајмица.

На Марковиќ за два дена му истекува позајмицата во Фенербахче и би требало да се врати во Ливерпул.