Интер веднаш најде замена за Лукаку – ќе си купи Србин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер ја прифати понудата на Челси од 130 милиони евра за Ромелу Лукаку и наскоро треба да се комплетира трансферот и Белгиецот ќе се врати во Лондон.

Италијанскиот гигант веднаш бара потенцијални замени, а меѓу нив е и Душан Влаховиќ за чии услоги беше заинтересиран и Милан.

Интер испрати понуда од 60 милиони евра за услугите на Влаховиќ, но понудата беше одбиена, па сега шампионот има план Б затоа што сака да ги вклучи Стефано Сенси и Андреа Пиномонти во трансферот.

Во следните денови ќе бидат познати повеќе детали, но уште сега е јасно деак сериозно се преговара на релација Милано – Фиренца.

Засега за услугите на Влаховиќ се заинтересирани Тотенхем, Милан, Рома и Јувентус.