Интер во напад: „Нераѕурите“ сакаат ѕвезда од Премиерлигата


    Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


    Бепе Марота почна преговори со англискиот премиерлигаш Тотенхем за нивниот фудбалер Кристијан Ериксен, кој би можел да замине од Лондон уште во јануари.

    Јувентус и Реал Мадрид се одамна заинтересирани за него, но сега во борбата се вклучи и Интер, кој сака да го донесе Ериксен во свои редови.

    Марота имал состанок со претставниците на Ериксен, па наводно тој бара плата од 10 милиони евра годишно.

    Ериксен има 27 години, но сезонава не игра во најдобро издание, па постигна само два гола и една асистенција.

    Освен десет милиони годишно, претставниците на фудбалерот бараат и четиригодишен договор.