Интересна изјава на Мајкл Фелпс од 2001 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот пливач во светот со 21 освоени златни медали има интересна изјава кажана во 2001 година во врска со неговата пливачка иднина.

Интервјуто со Фелпс беше направено година дена после неговото деби на ОИ во Сиднеј пред точно 16 години, тогаш Фелпс беше најмладиот американски пливач кој дебитира на ОИ.

Фелпс од Сиднеј замина без медал, но во Атина, четири години покасно се накити со четири злата и две бронзи.

„Задоволен сум од тоа како пливав во Сиднеј, но секако на 15 години нормално е да не се накитиш со олимписки медал. Јас сонувам за олимписко злато“ – изјава на Фелпс која ја кажа година дена по завршувањето на игрите во Сиднеј.

Фелпс веќе успеа во својот сон. Тој има најмногу олимписки злата. Никој не е како него. Тој е најдобар.