Инзаги се налути по дербито: Јувентус може да се спаси само преку пенал! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Интер вчера одиграа 1-1 против Јувентус на домашен терен во дербито од деветтото коло во Серија А.

Интер до предност стигна во 17. минута кога Хакан Чаланоглу погоди пречка со одличен удар, а на одбиената топка налета Един Џеко.

Судијата по консултација со ВАР-технологијата во 89. минута досуди пенал за гостите, па Пауло Дибала израмни на 1-1, но тоа го налути актуелниот шампион.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги жестоко протестираше поради пеналот, а на крајот судијата му покажа црвен картон.

„Единствен начин Јувентус да израмни беше тој пенал. Разочаран сум затоа што го контролиравме мечот од самиот почеток и ништо не дозволивме за ривалот да искористи. Не сум среќен што испуштивме два бода. Судијата беше блиску и можеше да види што се случува, а не да му се јавуваат од ВАР-собата“, вели Инзаги.