Инзаги: Со ваква игра не може да се одбрани Скудето, мора да се освестиме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот италијански шампион Интер синоќа во судиското надополнување се спаси од пораз кај Торино, но го загуби чекорот со градскиот ривал Милан во борбата за Скудетото.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги призна дека неговата екипа играла катастрофално и дека во моментов не решаваат сами за титулата, туку тоа зависи од Милан.

„Торно беше агресивен во првото полувреме, а Бериша исто така имаше добри интервенции. Заслуживме да освоиме бод. Знаеме дека е тешко да го освоиме Скудетото со ваква игра, затоа мора да се освестиме и да заиграме подобро. Изгубивме многу енергија и фудбалери во важни моменти, но тоа не смее да ни биде оправдување за резултатте“, вели Инзаги.