Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Фернандо Сантош, иајви дека фудбалерите на Исланд го испровоцирале Кристијано Роналдо во натпреварот од Европското првенство во Франција.
“Ние сме луѓе и понекогаш емотивно реагираме кога нас не провоцираат. Кога се зборува за фер-плејот понекогаш тоа ми е смешно. Исланѓаните за тоа зборуваа пред натпреварот, а во текот на натпреварот ги провоцираа Роналдо и Пепе. Во мојот тим секогаш имало фер-плеј. Нема да ги коментирам нивните провокации, но како да се однесувате според фер-плејот ако вас противникот ве провоцира”- изјави Сантош.
Португалија и Исланд својот натпревар го одиграа во вторникот во Сент Етјен и тој заврши без победник 1:1. Роналдо после тој направил го привлече вниманието кон себе со изјавата дека Исланд е мал тим бидејќи ремито се радувале како да го освоиле првенството и дека поради тоа никогаш нема да направат нешто големо.
Од Исланд му одговорија, конкретно, Кари Арнасон кој возврати дека Роналдо е губитник и дека само трча наоколо и глуми прекршоци.