Историска одлука: УЕФА го поддржува системот со 24 екипи на ЕВРО


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На заседанието на Извршниот одбор на УЕФА е изразено задоволство од досегашниот тек од овогодинешното ЕВРО, кое завршува денеска со финалето меѓу Франција и Португалија, пренесува СТА.

Извршниот одбор во соопштение се заблагодари на сите кои помогнаа во организацијата на ЕВРО 2016, и нагласи дека во УЕФА се многу задоволни од новиот систем кое подразбира натпреварување со 24 учесници.

“Нема никакви дилеми дека системот успешно го помина тестот“ изјави вчера директорот на натпреварот Џорџо Маркети.

Тој додаде дека не е во целост уверен дека УЕФА и понатака ќе остане при овој број на учесници, а дека најголем проблем истакна дека е влезот на четирите третопласирани екипи во осмина финалето, бидејќи до крајот на преднатпреварувањето не е познато кои тимови со двете првопласирани ќе изборат влез за настап во елиминацијата.