Италијански дефанзивец открива: Никогаш не сум се чувствувал толку лошо…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Алесандро Фавали е втор играч кој во Италија доби коронавирус. Тој настапува во Серија Ц, а на почетокот на март почуствува симптоми на вирусот.

Фавали открива дека еден ден се разбудил и никогаш не се чувствувал толку лошо во животот.

„Се разбудив на втори март и се чувствував лошо. имав температура, главоболка и очите ми гореа. Ги имав симптомите на вирусот, па се јавив на моето семејство и сите ги имаа сите симптми. Пред неколку дена имав вечера и веднаш знаев дека сите сме болни од вирусот“, открива тој.

Фавали веднаш почнал самоизолација, но смета дека е направена грешка затоа што властите не реагирале сериозно од самиот старт.