Италијански репрезентативец сака во Барса!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ново име на листата на желби на Барселона за нападот.

Како што пренесуваат италијанските и шпанските медиуми, напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње не би имал ништо против да премине во Барселона и да ја засили конкуренцијата на МСН.

После Кевин Гамеиро и Лусијано Вието на мета на Барселона е 25 годишниот репрезентативец на Италија и член на Наполи.

Инсиње наводно веќе им соопштил на челниците на клубот дека сака да се пресели во Барселона. Овој фудбалер е роден во Неапол, израсна во Наполи и во овој клуб ја помина целата своја кариера, само на две сезони беше испраќан на позајмици во Фоџа и Пескара за кои постигна 37 погодоци на 70 натпревари.

Во 2012 година тој се врати во Наполи и од тогаш е стандарден член на италијаскиот клуб. Изминатата сезона Инсиње постигна 13 погодоци на 37 натпревари.