Ивановски без загубен свет до трофеј во Грција!

Најдобриот македонски тениер Калин Ивановски го освои турнирот во Ираклион, Грција откако во финалето беше подобар од првиот носител на турнирот, Романецот Себастијан Гима со 6-1 и 6-1.

Ивановски доминираше во текот на цел турнир во Грција и не загуби ниту еден сет од неговите ривали, па така го очекува нов скок на АТП-листата в понеделник.

Ова е огромен успех за македонскиот тенисер, кој оваа година игра во одличен ритам и со неколку добри настапи на претходните турнири стигна до 746. место на АТП-листата.