Ивановски го чека скок од 117 места на АТП-листата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски вчера го освои турнирот во Ираклион, Грција со убедлив триумф против првиот носител, па тоа ќе му донесе голем скок на АТП-листата.

Резултатите од фјучерс-турнирите се регистираат со една недела задоцнување, па така Ивановски на денешната листа е 750. место, но од понеделник го очекува скок од неверојатни 117 позиции и ќе биде на 633. позиција во светот.

Ова ќе биде најдобар пласман за македонскиот тенисер во неговата кариера, а му се предвидуваат уште посветли денови во иднина.

Ивановски нема време за пауза, па од денеска почнува борба по уште една титула на турнир во Ираклион, а во првото коло ќе се соочи против Бен Вајнтрауб од Израел.