Ивановски падна за 21 место на АТП-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски доживеа пад на најновата ранг-листа на АТП која беше објавена утрово.

Ивановски падна за 21 место на АТП-листата и во моментов се наоѓа на 326. позиција и има 163 бодови.

Македонскиот тенисер, сепак, може повторно да напредува на АТП-листата во зависност од неговите резултати на челинџ-турнирите во Кобе и Јокохама.