Ивановски со лесна победа на стартот на турнирот во Ерусалим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски славеше против Бен Веинтрауб со 6-3 и 6-3 во првото коло на турнирот во Ерусалим, Израел.

Ивановски ги доби двата сета на идентичен начин и така ја продолжи победничката серија по освојувањето на турнирот во Ираклион, Грција.

За македонскиот тенисер следен противник ќе биде Ејал Шиовиц кој го победи Ори Барон со 6-4 и 6-2.