Ивановски со победа тргна по нов трофеј во Тунис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тенисер Калин Ивановски минатата недела го освои првиот турнир во Тунис, а сега тргна по втора титула, откако денеска славеше со 2-1 во сетови против Максимус Џонс.

Ивановски водеше голема борба против Џонс во првиот сет, кој му припадна на ривалот на македонскиот тенисер со 7-6, откако во тај-брејкот беше подобар со 7-5.

Во следните два сета Ивановски доминираше на теренот, па со неколку брејка го реши мечот во своја корист, и тоа најпрво го доби вториот сет со 6-3, а потоа и третиот сет со 6-2.

Ивановски претходно запиша голем скок на АТП-листата и сега се наоѓа на 779. место во светот.