Изненадувачки трансфер од Ливерпул во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ливерпу Ехо“ пренесува дека заборавениот фудбалер Алберто Морено би можел да направи изненадувачки трансфер во редовите на Барселона.

Морено настапува на „Енфилд“ од 2014 година, но веќе подол период падна во сенка на Енди Робертсон и ретко добива шанса од Јирген Клоп.

Во Барселона во моментов Жорди Алба е единствена опција на левата бековска позиција, па Алберто Морено би бил идеално решение за негова „бек ап“ варијанта.

Наводно и самиот фудбалер посакува да се реализира неговиот трансфер на „Камп Ноу“.