Изненадување: Клоп ја доби наградата за најдобар тренер пред Флик!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше избран за најдобар стратег во 2020 година, иако многумина сметаа дека наградата треба да ја добие Ханси Флик.

ФИФА реши да ги додели наградите за најдобрите, иако сезоната 2019/20 беше поразлична од претходните поради пандемијата на ковид-19.

Клоп ја освои титулата со Ливерпул во Премиерлигата по огромен пост на англискиот гигант, но Флик ја имаше освоено тројната титула со Баерн Минхен, па многумина беа изненадени поради овој избор.