Изненадување за многумина: Гризман игра со само еден тим, а нема ниту да насетите за кој станува збор… (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќа Французинот на својот Инстаграм објави фотографија на која јасно се гледа како ја игра популарната игра Про Еволушн Сокер на Плејстешн и тоа со екипата на Арсенал.

Поточно, играше со легендите на тој клуб, а на оваа фотографија може да се види како постигнува погодок со легендарниот Јохан Кројф кој го ставил во својот тим.

На следното стори Гризман исто така игра со „Топчиите“, но овојпат ФИФА 19, односно Ултимејт тим. Во таа екипа ги смерсти најдобрите играчи на светот, како во денешницата, така и оние кои му кажаа збогум на фудбалот, а во тимот најде место и за себе и тоа во врвот на нападот.

Секако, на ова веднаш реагираа навивачите на „Топчиите“ кои помислија дека Гризман би можел да го облече дресот на нивната екипа. Но, меѓутоа, тоа е тешко да се очекува со оглед на тоа дека е познато дека Барселона е најзагреана за неговите услуги и која ќе направи се да го донесе ова лето во своите редови.