Ја донесе мајка му на дебито, па доби црвен картон по 20 секунди! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако некој го имаше најлошото деби во кариерата, тогаш дефинитивно тоа е Шоја Накаџима, кој заигра за Анталијаспор, но доби отказ за само 20 секунди.

Накаџима доби шанса од клупата за резервни фудбалери на мечот против Аданаспор (1-0), но неговото деби не траеше долго бидејќи заработи исклучување.

Јапонскиот фудбалер има за што да жали бидејќи на трибините ја донесе и неговата мајка за да го гледа дебито, но таа на крајот не можеше да поверува што се случува на теренот.

Накаџима сакаше да направи притисок врз противничкиот тим, но направи еден незгоден старт и заработи црвен картон.