Јапонец потпиша договор вреден 700 милиони долари

Јапонскиот бејзбол играч Шохеи Отани потпиша договор со Лос Анџелес доџерс, каде што се сели по шест години поминати во Лос Анџелес Енџелс.

„ЕСПН“ објави дека договорот меѓу Отани и Доџерс е потпишан на 10 години, а истиот има вредност од 700 милиони долари.

Колку за споредба, најголем договор имаше Лионел Меси вреден 674 милиони долари во период од 2017 до 2021 година, а Роналдо има соработка вредна 536,3 милиони долари со Ал Наср.