Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Кога постигнувате 56 поени обично очекувате дека вашиот тим барем ќе биде конкурентен, ако не и да оствари лесна победа. Особено е тоа случај за Никола Јокиќ, кој минатата вечер го сруши рекордот на кариерата токму со таа бројка (додаде и 16 скокови и осум асистенции), но тоа беше премалку…
Ги немаше Џамал Мареј и Ерон Гордон, а Џулијан Стротер се обиде со 18 поени да ги замени, но Денвер Нагетси на крајот загубија. Од другата страна беше тимот на Вашингтон Визардс, кој ја прекина серијата од шеснаесет последователни порази.
Јокиќнаправи сè што можеше за да го повлече тимот, но не можеше повеќе од прикажаното, а по натпреварот повторно не обвинуваше никого, туку застана зад целиот тим.
Во многу интересна изјава по дуелот истакна како обично се прави тоа во Србија кога тимот не е во форма.
„Ни треба реакција. Во мојата земја од каде што доаѓам по вакви работи ќе добиете плата која е малку помала од она што навистина го заработувате. Тоа е она што ни е потребно, можеби малку мотивација на таков начин“, се пошегува Јокиќ.