Јокиќ постигна 43 поени, но Денвер загуби од Минесота (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи во НБА-лигата, но Денвер нагетс загуби со 108-114 од Минесота Тимбервулвс.

Јокиќ го заврши натпреварот против Минесота со 43 поени, 11 скокови и шест асистенции, додека Едвардс ја предводеше Минесота до прв триумф против Денвер (1-3) со 34 поени.

Актуелните шампиони Голден стејт вориорс беа подобри од Сакраменто кингс со 126-125 и така израмнија на 2-2 во плејоф-серијата.

Гостите беа предводени од Де Арон Фокс со 38 поени, девет скокови и пет асистенции, додека кај домаќините најдобар беше Стеф Кари со 32 поени.