Јокиќ со трипл-дабл за едно полувреме блесна против Минесота (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ и синоќа имаше свое шоу во НБА-лигата, откако на мечот против Минесота тимбервулвс стигна до трипл-дабл за едно полувреме.

Денвер нагетс ја победи Минесота со 146-112, а српскиот кошаркар постигна 20 поени, 12 скокови и 16 асистенции.

Најефикасен во победничкиот тим беше Мајкл Портер јуниор со 30 поени, додека кај гостите најдобар беше Лука Гарзо со 19 поени, девет скокови и две асистенции.