Јувентус доби ултиматум, може да „летне“ од Серија А?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Јувентус ќе мора да отстапи од европската Суперлига, а ако не се случи тоа, тогаш може да се збогуваат и со Серија А.

Претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Габриеле Гравина кажа дека Јувентус ќе мора да бира меѓу Суперлигата и Серија А.

„Старата дама“ е еден од тимовите кои прифатија да бидат дел од натпреварувањето, кое пропадна за помалку од 48 часа.

„Правилата се јасни. Ако Јувентус остане во Суперлигата, кога ќе почне следната сезона, тогаш тие нема да учествуваат во Серија А. Би ми било жал за навивачите, но правилата мора да се почитуваат“, кажа Гравина.

Јувентус во моментов е во големи проблеми затоа што загуби од Милан со 0-3 и ја искомплицира битката за пласман во Лига на шампиони.