Јувентус го надигра ПСВ, Астон вила подобра од Јанг бојс (Видео)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Јувентус и Астон вила тргнаа победнички во новата сезона на Лигата на шампиони (ЛШ), откако калчолигашот славеше против ПСВ со 3-1, додека премиерлигашот беше подобар од Јанг бојс со 3-0.

Головите за победа на Јувентус ги постигнаа Кенан Јилдиз и Винстон Меккени во првото полувреме и Николас Гонзалес во вториот дел, додека ПСВ погоди во финишот преку Исмаел Саибари.

https://nvcplayer.crazyvidup.com/embed/Gak2jEQYaNy0B?autoplay=1&htmlplayer=1

Астон вила славеше со погодоците на Јури Тилеманс, Џејкоб Рамзи и Амаду Онана.