Јувентус потврди: Пирло заработи отказ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус официјално ја раскина соработката со Андреа Пирло, како што се очекуваше во претходните денови, па Италијанецот ќе бара нова соработка.

Очигледно недостатокот на тренерско искуство му пресуди на крајот бидејќи Јувентус го освои четвртото место во Серија А, а рано испадна и од Лигата на шампиони.

„Ти благодариме Андреа. Тоа се првите зборови кои мора да ги изговориме на крај на ова наше искуство. Пред неколку месеци Пирло ја почна авантурата, а за да направите такво нешто ви е потребна храборст“, соопштија од Јувентус.

Пирло во својата прва тренерска сезона со Јувентус го освои Купот на Италија и со многу мака избори место во топ-4 и го однесе во Лигата на шампиони, а на кормилото треба да го замени Масимилијано Алегри.