Како може Фратези да е подобар од Елмас?

Новинарот Карло Алвино испрати критики до италијанската јавност, која го претстави Давиде Фратези како огромно засилување за Интер.

Алвино кажа дека десетмина фудбалери како Фратези прават еден Елиф Елмас.

„Фратези е претставен како шампион, но реалноста е дека десетмина Фратези прават еден Елмас. Проблемот е тоа што Елмас нема такво внимание затоа што игра во Наполи и не лета во облаци“, вели новинарот.

Елмас веќе четири сезони игра за Наполи, а минатата сезона го освои Скудетото.