Каков човек: Кирјос удри по Ѓоковиќ, па го избриша – коментарот! (ФОТО)

Ник Кирјос не пропушта шанса да го навреди Новак Ѓоковиќ. Тој едноставно не може да се смири, но овојпат претера, по што реши да си го избрише коментарот.

Еден навивач на Инстаграм напиша дека Ѓоковиќ победува додека Кирјос јаде, а контроверзниот Австралијанец му врати: Не победува против мене!

Навивачите веднаш удрија по тенисерот со грчки корени, кој реши да си ги повлече коментарите, но беше премногу доцна.

„Само се обидувам да го запрам ширењето на ковид-19 и штитам линиски судии“, напиша тој.