„Калчомеркато“ со ексклузивна најава: Реал ќе тргне по најдобриот фудбалер на Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот весник „Калчомеркато“ пишува дека Реал Мадрид и тоа како ја разгледува можноста да го донесе најдобриот фудбалер на Ливерпул.

„Кралевите“ го посакувале најдобриот фудбалер за Лигата на шампионите од минатата сезона, Вирџил Ван Дијк.

Медиумот пишува дека Ливерпул подготвува нов договор за Ван Дијк и е во постојан контакт со ангентот на фудбалерот, меѓутоа од Реал Мадрид не се откажуваат од намерата да го донесат во своите редови.

„Калчомеркато“ сепак ги подзатвори вратите за евентуален трансфер на Холанѓанецот на „Бернабе“ потенцирајќи дека во овој момент, Ван Дијк не размислува на заминување од Ливерпул.