Калин Ивановски скокна 115 позиции на АТП-листата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на турнирите и денеска направи скок од 115 позиции на АТП-листата.

Ивановски сега е на 635. место во светот и тоа е најдобар пласман за него во кариерата, откако од крајот на август до сега напредуваше дури 455 позиции.

Македонскиот тенисер минатата недела играше во Ерусалим, Израел, но беше елиминиран од четвртфиналето од Даниел Цукерман.

Ако продолжи во ваков ритам, тогаш Ивановски може да очекува уште голем напредок на АТП-листата.