Капитенот на Мароко: Ќе биде убаво ако го освоиме третото место во Катар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мароко е најпријатно изненадување на Мундијалот во Катар, а капитенот на репрезентацијата Роман Саис се надева дека ќе ја победат Хрватска во битката за третата позиција.

Репрезентативците на Мароко синоќа немаа сила за ново изненадување и победа против актуелниот светски шампион Франција (0-2), па Саис вели дека се разочарани со поразот.

„Разочарани сме поради поразот, но сакаме да одиме до крај и би било убаво ако го освоиме третото место. Ова ќе биде големо искуство за нас. Во фудбалот сè е можно кога ги правиш вистинските работи“, вели Саис.