Карагер: Панчев беше најдобар голгетер, но не помина добро во Интер

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер се присети на 1991 година кога Црвена Звезда стана европски шампион.

Карагер во емисија на „Си-Би-Ес“ зборуваше за српската екипа која го освои пехарот во сезоната 1990/91.

„Се сеќавам на тимот на Ц. Звезда кој го освои турнирот на пенали. Во финалето играше различно од претходните натпревари. Дарко Панчев го постигна победничкиот гол. Тој беше и најдобар стрелец во тоа време, а потоа замина во Интер, но не помина добро“, кажа Карагер.