Касемиро ги изнервира навивачите на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид оваа сезона игра лошо и најверојатно нема да ја одбрани титулата во шпанската Ла Лига.

Пред неколку месеци од екипата си замина бразилскиот репрезентативец Касемиро, кој игра одлично во дресот на Манчестер јунајтед.

Касемиро во разговор со новинарите направи споредба на Ла Лига и Премиерлигата и повтори дека во Англија се игра потежок фудбал.

„Искрено, различно е. Посебно поради различни ситуации, како интензитетот на играта. Не се обидувам да ја потценам Ла Лига, но натпреварите во Англија се потешки“, кажа Касемиро.

Реакциите на навивачите на шпанската екипа се јасни и тие покажуваат дека фановите не се согласуваат со Касемиро.