Касемиро нема намера да замине од „Олд Трафорд“

Бразилскиот фудбалер Касемиро не планира да замине од Манчестер јунајтед, иако медиумите пишуваа дека ќе го напушти премиерлигашот.

Касемиро беше интересен за неколку тимови од Саудиска Арабија, но 32-годишниот Бразилец кажа дека е среќен во Манчестер.

„Среќен сум во клубот и не планирам да заминам. Не можам да опишам колку добро бев пречекан. Среќен сум и единствената желба која ја имаме е да го вратам клубот на славните патишта“, кажа Касемиро.